Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Намалена видливост до 50 метри поради појава на магла има на патниот правец Тетово – село Гајре, на планинскиот превој Пресека, кај Павлешници, кај Кула-Катланово, Страцин, како и во Охрид, Струга и Македонски Брод.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.