Времето денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, а долж Повардарието од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.

Во Скопје и околината облачно со врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Утре ќе се задржи претежно облачно и студено време, со повремени врнежи претежно од снег, а долж Повардарието од дожд и снег. Од вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период од годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.