Според најновите анализи кои ние ги направивме, и тоа со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, истите укажуваат на тоа дека оваа година зголемени се условите за продолжување на летото и топлотните бранови во Македонија, но и пошироко во регионот, но и во Европа, тврди Славчо Попоски. Во остатоткот на овој месец, како и во септември се очекуваат натпросечно високи температури на воздухот.

Натросечно високи температури можни се дури и во текот на есента. Врнежите ќе бидат под просекот, што значи се очекуваат помалку врнежи од вообичаеното.

Сепак повремено можни се изразени нестабилности и невреме ширум Македонија, регионот и Европа.

Сè на сè, граѓаните можат своите годишни одмори да ги искористат дури и во септември месец, и да заминат некаде во туристичките места во Македонија, но и некаде на море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.