Иако најавеното невреме е нож со две острици во вакви уалови, жителите на местата зафатени со пожари гледаат спас во дождот.

Утре времето ќе се задржи сончево и екстремно топло, но во попладневните и ноќните часови, како и во петок претпладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град, информираат од УХМР.

Во случај на појава на електрични празнења се синоптичарите препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Во петок и сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.