Под влијание на влажен воздушен бран од запад, во Македонија во следните часови, како и во текот на претстојната ноќ ќе има врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2).

На планините на запад и на северозапад и тоа со надморска височина од над 1800 метри врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Од утре па натаму повторно продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време со ПРОЛЕТНИ температури кој насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат до 23 степени.

Во Скопје и околината исто така ќе има врнежи од дожд, особено вечерва и во текот на ноќта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.