Истражувачот и географ на Mapбокс Топи Тјуканов направи мапа во која се вклучени сите најважни личности и
местата каде што е родени. Така најпознато име во Србија е Новак Ѓоковиќ, а во Хрватска со оглед дека е
роден во Лика, Никола Тесла.

Во Македонија во првите најпознати личности се набројани Мајка Тереза, Тоше Проевски, Калиопи, Киро Глигоров, Горан Пандев. Потоа следуваат Али Ахмети, Љубе Бошкоски, Агим Нухиу, Благица Павловска, Даме Груев и многу други.

Во Србија се појавуваат Слободан Милошевиќ, Константин Велики,  Моника Селеш, Милева Мариќ и многу други.
Црна Гора, пак, ги има Радован Караџиќ, Петар II Петровиќ Његош, Веселин Шљиванчанин и Вељко Ражнатовиќ.

Босна и Херцеговина, сепак, е со најпознатите Гаврило Принцип, Иво Андриќ, Емир Кустурица, Бранко Ќопиќ и
Милорад Додик.

Додека Хрватска е со Никола Тесла, Тито, Марио Манџукиќ, Раде Шербеџија, Лука Модриќ и Горан Вишњиќ.
Кога станува збор за Лондон, излегува дека Чарли Чаплин е најважната личност во британската престолнина, иако се очекуваше тоа да биде некој од кралското семејство.

Што се однесува до САД, на топ-листата во Тексас се Селена Гомез, Томи Ли Џонс и Бијонсе, на Флорида водат Ариана Гранде, Џим Морисон и Томас Пети, а во Калифорнија Мерилин Монро, Камерон Дијаз и Шер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.