Времето претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе биде посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, претпладне умерено облачно, во текот на денот сончево и ветровито со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 21 степен.

За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нула степени. Во вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.