Г.П. Викторија Инвест известува дека на 30.10.2020 (петок), ќе се почне со изведување градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде што ќе има изменет времен режим на сообраќајот.

На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.

Г.П Илинден – Струга известува дека на ден 30.10.2020(петок) од 07.00 часот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с.Врбјани ќе почне со изведување градешни работи на пат (асфалтирање на риголи), каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.