Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува девет.

Во Скопје, претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец и со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.

До петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Температурата од петок ќе биде во постепено опаѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.