Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната од -3 до 6 степени.

Во Скопје слично време со повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 2 степена.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда, утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните од средината на седмицата ќе бидат во постепен пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.