Градежни активности на државен пат А1 – наплатна станица Романовце, со цел поставување на патна опрема на наплатни станици за подобрување на безбедноста во сообраќајот се изведуваат вчера и денеска. Времениот режим се спроведува согласно Одобрението издадено од Министерството за транспорт и врски.

Исто така на наплатната станица Петровец, во правец Скопје – Петровец, како и на наплатаната станица Миладиновци, во правец Скопје – Миладиновци се поставени знаци за сообраќаен режим, но не е изменет постојаниот тек на сообраќајот. Градежните активности ќе се изведуваат во текот на наредната недела кога ќе има поволни временски услови.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.