Грмотевици, град, силен дожд и ветер ги зафати неколку села во општина Теарце во Тетовско попладнево околу 18 часот. Во Лешок, Слатино и Теарце жителите сведочат за интензивно невреме во траење од повеќе од половина час.

Почна со дожд и ветер, што се засилија, па започна град да паѓа. Поради многу дожд водата се насобра на улиците, информираат жителите на Слатино.

Во тетовската полиција засега нема пријавено повредени лица, поголеми проблеми или оштетување на имоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.