Според календарот на МПЦ, Јулијанскиот календар, денеска е 1 ноември, ден посветен на Св. бесребреници Козма и Дамјан.

Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар). Наречени се бесребреници или безмитни затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а среброто е поим за алчност.

Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

обичаиВо народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот.

По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.