Чизмите, штиклите и салонките од превртена кожа се класици кои не подлежат на трендови и веруваме дека секоја од вас има барем еден таков пар во шкафот со чевли.
Со оглед на тоа дека тие не излегуваат од мода, веруваме и дека сакате да ви траат што подолго, па затоа мора да знаете и правилно да ги исчистите. Водата во овој случај не доаѓа предвид, бидејќи така само побрзо ќе ги уништите.
Една Твитер корисничка открила многу лесна метода за чистење на омилениот пар чевли во вашето шкафче.
„Мицеларната вода ги отстрани сите дамки од моите штикли кои се направени од превртена кожа! Сите треба да го пробате ова“, наишала Киера Охаган на социјалната мрежа Твитер и приложила фотографии како доказ, а нејзиното откритие го споделиле многу медиуми, за кои го објаснила и целиот процес со кој ги чисти чевлите.
micellar water has just took all the stains out my suede heels 🙀🙀🙀 everyone needs to try this pic.twitter.com/W89ozfd03q
— kiera (@kieraohagan) January 22, 2018
Овој процес всушност воопшто не се разликува од начинот на кој ја користите мицералната вода на лицето и сè што ви треба е вата или нешто слично на што би можеле да ја нанесете и да почнете со чистење. Поедноставно навистина не може да биде!
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.