ЕВН Македонија ги известува своите корисници кои извршиле уплата за потрошена електрична енергија преку Еуростандард банка и Македонска пошта на ден 12.08.2020 година дека истата не е евидентирана во системот за наплата на компанијата.

Ова произлегува од фактот што ЕВН се уште нема информација од Еуростандард банка и стечајното раководство, за тоа кои уплати биле реализирани на денот на затворањето на банката, велат од компанијата.

Согласно известувањето од Народната банка, наведуваат во соопштението, се очекува брзо решение на ваквата состојба, транскациите набрзо ќе бидат реализирани и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки повторно.

Во меѓувреме, а со цел да се надмине оваа ситуација која не е по вина ниту на корисниците, ниту на ЕВН, ги замолуваме сите корисници кои извршиле уплата на тој ден за потрошена електрична енергија преку Еуростандард и Поштенска банка, да ни приложат доказ за уплата во електронска форма на [email protected] Со тоа, ЕВН ќе ги земе предвид уплатите приложени од корисниците и истите нема да бидат предмет на исклучување поради недостиг на информација од банката. Доколку тоа не го сторат и во меѓувреме сепак бидат неправедно исклучени, по приложен доказ за извршена уплата, корисникот ќе биде повторно вклучен без надомест за повторен приклучок, (без надомест се однесува само за приложени уплати на 12.08.2020), соопштуваат од ЕВН Македонија.

И натаму граѓаните не можат да вршат уплати за сметки и други услуги на ЕВН преку Македонска пошта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.