Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 14.7.2019 година регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат на 220 km јужно од Скопје во соседна Грција и потекнуваат од епицентралното подрачје Козани.

Првиот земјотрес беше во 12 часот и 50 минути со Рихтерова магнитуда 5.0 а вториот во 12 часот и 59 минути со Рихтерова магнитуда 4.0.

Првиот беше почувствуван и од населението на нашата Република, особено во југозападниот дел и тоа во Охрид, Струга, Битола и Ресен со интензитет IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Во Кичево и околината со интензитет од III-IV степени а во Скопје и дел од источниот дел од Републиката со интензитет од III степени.

Додека пак, вториот земјотрес беше почуствуван во Битола и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.