Доколку одморот го планирате за месецот кој следи, тогаш вие сте во право и нема да погрешите. Жешко, сончево и топло време прогнозираат метеролозите за месец јули. Во текот на целиот месец температурите ќе бидат високи, времето ќе биде сончево и топло. Дожд и освежување ќе имаме само во првата недела од месецот.

Утринските температури ќе се движат во просек околу 18 степени, а дневните ќе достигнуваат до 35 степени.

Топло, сончево и суво време не очекува и во август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.