Во наредните денови пред новогодишните празници времето во земјава ќе биде постудено со утрински температури под нулата.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди.

Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северозападен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег, a во сабота повремен снег ќе имаа и во пониските места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.