Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло наместа со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието.
Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од – 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 16 степени.
За време на викендот ќе дува засилен јужен ветер кој најизразен ќе биде долж Повардарието и во источните делови со над 60 км/час. Преку ноќта кон недела во западните делови ќе има појава на повремен дожд, а потоа под влијание на влажен бран врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Повремено пообилни врнежи ќе има преку ноќта и во понеделник и ќе бидат проследени со појава на ретки грмежи. Во вторник врнежите ќе престануваат, а дневните температури ќе продолжат постепено да опаѓаат.
Најстудено утрово беше во Берово, со измерени -2 степени, додека најтопло во Демир Капија со 7 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минимални температури измерени во 7:30 часот се -2 Берово, 0 Лазарополе, Скопје-Петровец, Струмица, 2 Попова Шапка, Маврови Анови, Гевгелија, Тетово, Крива Паланка, 3 Битола, 4 Крушево, Дебар, Штип, Велес, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 5 Кавадарци, Претор, 6 Дојран, Виница, 7 Демир Капија.
Во текот на ноќта времето било претежно облачно, наместа со слаб до умерен променлив ветер, а изутринава е претежно облачно, дува слаб до умерен ветер претежно од јужен до југозападен правец.
Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и релативно топло понекаде со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час) најизразен долж Повардарието. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 16 степени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.