Од Центарот за управување со кризи информираат дека попладнево се очекува локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. И во Скопската Котлина денес и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, известуваат од ЦУК.

Оттаму препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.