Град Скопје известува дека поради градежни активности за реконструкција на улица Благоја Стефковски од денеска па се до 21 часот во понеделник на 2 номври, на оваа улица ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

За да може да се реализира проектот во најкраток можен рок, а и да се искористат престојните денови од викендот, затворена за сообраќај ќе биде улицата Благоја Стефковски на потегот веднаш по железничката рампа и пруга Скопје – Белград (гледано од правец Трубарево – Центар на Скопје), со што ќе се остави можност за премин од Трубарево кон Хотел Белви каде ќе се насочи целиот сообраќај по автопатот кон бул. Александар Македонски во Автокоманда. По истата рута ќе се движат и сите градски автобуси коишто сообраќаат кон Катланово и обратно – соопштуваат од град Скопје.

Во спротивна насока, улицата Благоја Стефковски ќе се затвори кај крстосницата со ул. Дончо Штипјанчето во непосредна близина на црквата св. Спас во Маџари.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, како и да ја искористат околната улична мрежа за да стигнат до посакуваните дестинации – се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.