До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време, информира УХМР. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет.

Утре и в петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат.

Температурата утре ќе се движи од минимални -2 до максимални 14 степени, а во Скопје утринскитата се очекува да биде еден, додека дневната осум степени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.