ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во интерес на своите корисници и граѓаните на Град Скопје, почнувајќи од 17 јуни 2020 година почна со спроведување на акцијата за наплата на долговите на рати без камата за задоцнета уплата. Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица завршува на 31 јули 2020 година.

Од јавното претпријатие информираат дека досега 370 корисници ја искористиле можноста за склучување на договори за исплата на долговите на рати без камата. Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е околу 24.000.000 денари.

Ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката преставува да важи.

Имајќи ја предвид ситуацијата со коронавирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите. Истовремено, повикуваме и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата – задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете, посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, граѓаните може да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

– 02 3240 300, Дирекција – [email protected]

– www.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.