Според најновите направени анализа за оваа есен и тоа со помош на најпрецизниот метеоролошки модел ECMWF (Европски центар за средно – рочна прогноза) укажуваат на тоа дека месеците септември, октомври и ноември ќе бидат многу влажни, односно врнежите ќе бидат значително над просекот од вообичаеното за тие месеци.

Се очекуваат формирања на чести циклонски системи кој кај нас, но и во регионот ќе условуваат многу врнежи со што постои опасност од поплавувања. Повремено се очекува и развој на олујни системи кој би условувале поројни врнежи, силни громови како и појава на град – најавува Славчо Попоски.

Најголеми услови за ова има токму кај нас во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина како и во соседна Србија.

Слична анализа за оваа есен објави и Акуведер во која најавува дека Балканот и Македонија оваа есен ќе бидат на удар на силни бури и поплави. Во иднина исто така ќе има зачестување на временските непогоди кај нас и ќе стануваат се посилни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.