По одделни котлини денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а преку ден времето ќе биде сончево со умерена облачност.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје претпладне со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Утре ќе се задржи стабилно време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, а од недела следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.