Времето ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во вторник претпладне ќе има услови за провејување на снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во следните два дена времето ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток кон крајот на денот и во петок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.