Времето ќе биде претпладне ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. УВ ќе изснесува 8.

Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.