Посвежо време со умерен до засилен северен ветер се очекува денеска во земјава.
Претпладнево ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намалува.

Минималната температура се спушти меѓу 8 и 16 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до 11 степени и дневна до 21 степен.

За време на викендот и в понеделник синоптичарите најавуваат стабилно време со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нулата. Веќе од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.