Денеска времето во целата земја ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде висок, 9.

Дневните температури ќе достигнат до 36 Целзиусови степени – Скопје 35, Маврово 27, Охрид 31, Битола 32, Кавадарци 35, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 36 Целзиусови степени.

Прогнозата и за утре е сончево и топло со мала до умерена локална облачност, УВ индекс 9 и повисоки дневни температури – Скопје 36, Маврово 28, Охрид 32, Битола 33, Кавадарци 37, Крива Паланка 29, Берово 31, Дојран 38 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.