Времето утринава е свежо, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во пределот од кумановско до штипско краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура е во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени Целзиусови. УВ=6

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 32 степени Целзиусови.

Следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.