Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.