Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал -6 до 1, а максималната од 11 до 18 степени.

Во Скопје, претежно сончево и тивко.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота попладне ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег, каде ќе се формира снежна покривка. Врнежите ќе бидат пообилни во недела, кога ќе дува засилен североисточен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.