Времето денеска ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Минималната температура е во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степенa Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со услови за слаба утринска магла. Минималната температура се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.

Во сабота во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне поради продор на постудена воздушна маса облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Од недела ќе има позначителен пад на температура, особено на дневната, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.