Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и малку потопло, попладне од запад ќе се прошири зголемена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а понекаде во пониските места врнежите ќе започнуваат како повремен дожд кој може да замрзнува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот ќе има појава на краткотраен дожд, кој понекаде може да замрзнува и кој во повисоките делови ќе биде од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 8 степени.

Утре кон крајот на денот во западните, а во сабота претежно претпладне во северните делови ќе има локални врнежи од снег. В сабота ќе дува и засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.