Денеска времето ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Особено повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието каде наместа ќе достигнува до околу 65 км/час.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 5 Целзиусови степени, Маврово и Битола 3, Охрид 4, Крива Паланка 0, Берово 1, Кавадарци и Дојран 8.

Утре времето ќе биде сончево и студено. Претпладне вдолж Повардарието у во источните делови ветерот повремено ќе засилува, а попладне неговата брзина ќе се намалува.

Дневните температуири ќе бидат во Скопје и Кавадарци 5, Маврово 0, Охрид 4, Битола и Крива Паланка 3, Берово 1, Дојран 8.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.