Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура е во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура се спушти до 14, а максималната ќе достигне 26 степени Целзиусови.

В петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а тогаш ќе почне да дува и умерен до засилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови.

Под влијание на влажен бран в сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали.

В недела и понеделник ќе биде променливо облачно и ветровито со појава на локални врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.