Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и северен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 1 до 9 Целзиусови степени , а максималните од 3 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде врнежливо со минимална температура од 6, а масималната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и постудено време со северен ветер и со услови за локален дожд. Врнежите на планините ќе бидат од снег, а на североистокот снег краткотрајно ќе има и на повисоките места. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе биде најизразен утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.