Попладне во 15:30 часот на северната хемисфера по средноевропско време пристигнува есента. Есента ќе трае 91 ден и ќе заврши на 21 декември кога ќе настапи зимата.

На првиот ден од есента синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во западните делови ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд и ретки грмежи.

Температурите ќе бидат во интервал од 24 до 30 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.