Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 32 степена.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со услови за појава на изолирана нестабилност претежно во планинските предели.

За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.