Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од североисточен правец

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Од понеделник следува период на стабилно и сончево време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.