Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и релативно топло. Наутро има услови за слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Минималната температура е во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со мала облачност и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени Целзиусови.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и таму температурата преку денот ќе биде пониска за неколку степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.