Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 август, ден на Св. маченици Агатоник, Зотик и други.

Денешниве маченици Агатоник, Зотик, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други со нив беа фрлени в затвор во градот Никомидија, како христијани, при еден прогон за време на римскиот цар Максимијан. Оттука беа препратени во Визант. По патот многу од нив потклекнаа од измачувањата и од исцрпеност, а свети Агатоник со останатите беше убиен пред очите на царот во местото Силимврија, во Тракија. Така пострадаа овие свети маченици и се преселија во радоста на својот Господ.

Народот вели дека денеска чини да се тргува, па на овој ден пазарите биле преполни со продавачи и купувачи. Се верува дека ова е ден за средби со пријателите, како и обновување на расипаните пријателства, за сите во мир и благосостојба да ја пречекаат зимата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.