Претпладне по одделни котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта почнувајќи од североисток ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на повисоките планините од слаб снег кои до утринските часови врнежите ќе престанат.

Минималната температура ќе се движи од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од утре следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.