Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на топол бран следува период на многу топло време со високи температури кои ќе бидат над просекот и на целата територија ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во недела попладне и кон крајот на денот ќе има зголемена облачност и услови за изолирана појава на нестабилност со засилен ветер, краткотраен пороен дожд и грмежи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.