Времето ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, како што информираат од УХМР, времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде за време на викендот кога ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.