Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево и тивко, наутро со услови за слаба магла, температурата ќе се движи од -3 до 11 степени.

Од УХМР информираат дека времето ќе биде стабилно и во понеделник претпладне, а во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во вторник ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер поради што од попладне врнежите во западните делови и на крајниот исток од дожд ќе преминуваат во снег и на повисоките места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.