Без вода денеска ќе бидат дел од жителите на населбата Кисела Вода.

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваaт дека заради промена на затворачи на водоводна мрежа со пречник 150 мм на ул. Христо Татарчев бр. 14 после Пумпената станица во нас. Кисела Вода денеска со почеток од девет часот до завршување на интервенцијата без водоснабдување ќе останат корисниците од подулиците со броевите 14, 16, 17, 19, 20, 21 и 22 во Општина Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.