Дел од скопската населба Карпош 4 денеска ќе биде без вода поради дефект на водоводната мрежа на ул. „Разловечко востание“.

Без вода, покрај корисниците од ул. „Разловечко востание“, ќе останат и дел од корисниците од улиците „Желево“ и „Столе Стојчев“ во општина Ѓорче Петров.

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9:00 часот до санирање на дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.