Без вода денеска од 9 часот ќе бидат делови од скопските населби Дебар Маало и Тафталиџе.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, поради уличен дефект од Ф-80 милиметри на „Јордан Хаџи-Констатин Џинот“ бб, кај кафеаната „Кај Жабарот“, прекин во водоснабдувањето ќе корисниците од улиците „Јордан Хаџи-Константин Џинот“, „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, како и делови од булеварот „Илинден“ и улицата „Наум Наумовски Борче“ во Дебар Маало.

Поради изведување на приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-100 милиметри на улица „Осло“ број 29 во населбата Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улицата „Бањалучка“.

Корисниците во двете населби ќе бидат без вода се до завршување на работите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.