Селата Зајас, Теќе, Зајас Џума, Колибари и Бачишта во општина Кичево немаат вода за пиење поради дефект на главната водоводна цевка.

Од јавното комунално претпријатие „Комуналец“ информираат дека екипи работат на отстранување на дефектот. Се очекува до утре во попладневните часови дефектот да биде саниран и ситуацијата да се стабилизира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.